Новости

Кошарка

Пелистер ја прифати поканата – Аба 2 доаѓа во Битола

Првпат во својата историја, екипата на Пелистер ќе учествува во АБА 2 лигата откако раководството на клубот ја прифати поканата за настап во регионалното натпреварување.

На денешниот состанок, битолчани одлучија дека е време за голем чекор напред и заедно со МЗТ Скопје во новата сезона ќе ја претставуваат Македонија во вториот степен од Јадранската лига.

„На мое големо задоволство, прифатена е поканата за настап во АБА 2. Тоа ќе биде голем предизвик како за кошаркарите, тимот и стручниот штаб, така и за нас како управа и сигурна сум дека ќе ја оправдаме довербата“, изјави за кош.мк, претседателката на Пелистер, Мери Ковачевска.

Битолскиот клуб ќе биде четврти македонски претставник во АБА 2 од формирањето на оваа лига, во 2017 година. Во првата сезона во неа учествуваше АВ Охрид, од следната таму настапуваше МЗТ Скопје, а лани му се приклучи и Работнички.

Во исто време, Пелистер договори уште едно засилување за новата сезона. Во Битола се сели македонскиот репрезентативец и довчерашен играч на Работнички, Љубомир Младеновски.

СН Брокер
To Top