Новости

Кошарка

Познати двојките за НБА плеј-офот: Харден против Вестбрук на стартот

Кошаркарите на Чикаго го фатија последниот воз за плеј-офот во НБА лигата, откако синоќа пред своите навивачи славеа над Бруклин со убедливи 112-73 и со тоа го освоија 8. место на Истокот, не дозволувајќи му на Мајами да се најде меѓу екипите кои ќе играат во разигрувањето за титулата.

Мајами победи на домашен терен против Вашингтон со 110-102, но оваа победа беше јалова, затоа што „жешките“ на крајот остануваат само деветти, без пласман во разигрувањето. Бостон со победата над Милвоки од 112-94 го потврди првото место на Истокот.

На Западот одамна работите беа познати. И покрај поразот од Њу Орлеанс 100-103, Портланд како осми влезе во плеј-офот, а таму извиди Денвер кој во последниот сезонски меч славеше над Оклахома со 111-105 и тоа на гостински терен. Со тоа стана јасно дека во плеј-офот ќе ги гледаме следните пресметки:

ИСТОК:

Бостон – Чикаго

Вашингтон – Атланта

Кливленд – Индијана

Торонто – Милвоки

ЗАПАД:

Голден Стејт – Портланд

ЛА Клиперс – Јута

Хјустон – Оклахома

Сан Антонио – Мемфис

GOLD
To Top