Новости

Кошарка

Портланд го загуби Нуркиќ во незгоден момент

НБА екипата Портланд Трејлблејзерс објави дека заврши регуларниот дел од сезоната за центарот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ.

Клубот соопшти дека Нуркиќ се здобил со скршеница на десната нога, поради што ќе мора да паузира најмалку две недели. Регуларниот дел од НБА сезоната завршува на 12.април, а дотогаш Портланд, кој се наоѓа на осмото место во Западната конференција, ќе одигра седум натпревари.

Нуркиќ се повредил пред два дена на натпреварот со Хјустон на кој забележа 19 поени и 11 скокови.

Репрезентативецот на БиХ, во февруари пристигна во Портланд од Денвер и со него во тимот Блејзерси имаа 15 победи и пет порази. На последните десет натпревари тој има просек од 15,3 поени и 11 скокови.

Екипата од Орегон во соопштението нагласи дека информацијата не е првоаприлска шега.

GOLD
To Top