Новости

Кошарка

Портланд го изненади Сан Антонио со Олдриџ во тимот

Кошаркарите на Индијана, Бостон, Јута, Мемфис, Хјустон, Портланд, Сакраменто и Милвоки забележаа победи изминатат ноќ на натпреварите во НБА лигата.

Портланд во дербито слвеше во Тексас кај Сан Антонио 110:106. Портланд до победата го носеше бековската двојка Демијан Лилард и Си-Џеј Мекалум на која им се приклучи репрезентативниот центар на БиХ, Јусуф Нуркиќ. Лилард постигна 36 поени, Мекалум 26, а Нуркуќ имаше учинок од 16 поени и девет скокови.

Каваи Ленард, на спротивната страна, повторно имаше одличен учинок (34 поени, 9 скокови, 6 асистенции, 3 украдени топки, 2 блокади), но не можеше да го спречи поразот на својот тим. На овој меч по десеттдневната пауза поради срцева аритмија во тимот на Сан Антонио се врати Ламаркус Олдриџ, кој на својот поранешен тим му уфрли 19 кошеви.

GOLD
To Top