Новости

Кошарка

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Џими Стојановски

Поранешниот кошаркар, на сите битолски клубови, Џими Стојановски, ја изгуби битката со ковидот и почина во Торонто, Канада. Битолчани ќе го паметат како поранешен кошаркар кој настапуваше во сите три клубови од Битола, Пелистер, ЗК Пелагонија и Студент, а играше на позиција бек-шутер.

Стојановски ја прекина кошаркарската кариера и замина за Лондон, потоа се врати во Скопје, а патот го однесе во Торонто, каде и почина. Стојановски остана вљубенок во кошарката и секое доаѓање во Битола го користеше за дружење со своите поранешни кошаркарски другари.

Џими беше ретко ведар лик, кој секогаш наоѓаше време за дружење со своите пријатели, а ги имаше многу во градот каде порасна, каде секаде беше омилен гостин.

Евротип
Евротип
To Top