Новости

Кошарка

Раул Гонзалез е новиот македонски ракометен селектор

Раул Гонзалес го наследи Лино Червар на селекторската позиција во ракометната репрезентација на Македонија. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и стратегот на Вардар потпишале договор до 1.септември 2020 година.

Управниот одбор на РФМ на седницата одржана во петокот, едногласно го изгласала предлогот Раул Гонзалес да биде новиот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, откако претходно и официјално е раскинат договорот со Лино Червар, кој на клупата на националниот тим се задржа 10 месеци.

„Во текот на март бевме активни на оваа тема и на седницата на УО на РФМ едногласно беше одлучено селектор на репрезентацијата да биде Раул Гонзалес. Мора да изразам задоволство што наш селектор ќе биде еден модерен светски тренер, кој е докажан во ракометниот спорт и се надеваме дека системот на работа од Вардар ќе успее да го наметне и во репрезентацијата на Македонија. Идеата е да работиме долгорочно“, рече на промоцијата на новиот селектор претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Федерацијата и шпанскиот тренер потпишаа договор кој започнува да важи од 1.април 2017 до 1.септември 2020 година.

„Потпишавме договор тој да биде селекторот од 1.април до 1.септември 2020 година, но циклус за циклус ќе разговараме за активностите кои ги имаме ние како федерација и Раул Гонзалес како селектор“, дополни Мукаетов.

GOLD
To Top