Новости

Кошарка

Само седум екипи ќе играат пред свои гледачи на евролигашките натпревари

Само седум од 18 клубови во Евролигата кои се дел од сезоната 2020/2021 ќе можат да играат во своите сали-арени, со присуство на публика. Причината за една ваква, помалку „нерамоправна“ одлука, се ограничувањата во различни држави кои се поврзани со пандемијата од коронавирусот. Помеѓу 400 и 7.500 фанови во салите, во зависност од мерките во дадената земја и град ќе може да имаат екипите на: Олимпија Милано, ЦСКА, Химки, Зенит, Асвел, Валенсија и Жалгирис. Изненадувачки, без своите навивачи на домашен терен ќе бидат другите шпански евролигаши, Барселона, Реал Мадрид, и Басконија, грчките Олимпијакос и Панатинакос, германските Алба и Баерн, турските Анадолу Ефес и Фенербахче, израелскиот Макаби од Тел Авив и Црвена Звезда од Белград. Малку е подобра ситуацијата во Еврокупот, каде без навивачи на трибините ќе бидат осум од вкупно 24 клуба-учесници во сезоната 2020/21.

GOLD
To Top