Новости

Кошарка

Стопирана сезоната во НБА, играчите бојкотираат!

НБА лигата донесе одлука да ги одложи сите натпревари од плеј-офот кои беа закажани за синоќа. Причина за тоа е револтот на играчите поради најновиот случај на полициска бруталност во САД и пукањето на афроамериканецот Џејкоб Бејк во Висконсин. Најпрво синоќа кошаркарите на Милвоки одбија да излезат на паркетот за натпреварот од серијата против Орландо, а на нивната одлука се приклучија и останатите тимови, во меѓувреме испраќајќи пораки преку социјалните мрежи за поддршка на бојкотот. Според информациите, се очекува деновиве да се знае иднината на тековната сезона во најсилната кошаркарска лига во светот.

GOLD
To Top