Новости

Кошарка

„Трипл-дабл“ на Ветсбрук, но Оклахома загуби од Хјустон

Портланд ја презеде осмата позиција на Западот од Денвер, откако славеше против Лејкерси, а Денвер загуби од Њу Орлеанс. Голден Стејт дополнително ја зацврсти својата позиција на чело на табелата, додека Вестбрук освари трипл дабл, но Хјустон ја совлада Оклахома.

Портланд лесно излезе на крај со Лејкерси, победи во Лос Анџелес 97:81 и се иаксчи на осмото место на Заладот. Демијан Лилард постигна 22 поени, а Ален креб 18 за Портланд.

Голден Стејт ја фаќа вистинската форма и без повредениот Дурент, кој наскоро ќе се врати во тимот, во дербито го победија Мемфис 106:94. Клеј томпсон постигна 31 поен (7/11 за три), а Стеф Кари забележа „дабл-дабл“ од 21 поен и 11 поени. Кај Мемфис во чии редови го немаше Марк Гасол, најефикасен беше Мајк Конли со 29 поени.

Хјустон рутиснки славеше против Оклахома 137:125. На овој меч еден наспрам друг играа најголемите кандидати за МВП наградата Џејмс харден и Расел Вестбрук.

Харден забележа двоен ефект од 22 поени и 12 асистенции, додека Вестбрук го запиша 36-от трипл-дабл во сезоната (39 поени, 13 асистенции и 11 скокови).

Најефикасни кај Хјустон беа Лу Вилијамс со 31 поен и Тревор Ариза со 24 кошеви.

GOLD
To Top