Новости

Кошарка

Унијата на тренери ги прогласи најдобрите НБА-тренери сезонава

Унијата на тренери во НБА ги прогласи Мајк Буденхолцер и Били Донован за најдобри во својата професија оваа година. Тренерот на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер и првиот стратег на Оклахома Сити, Били Донован, се носители на ласкавите признанија за оваа година. Трет во изборот на струката во НБА лигата беше тренерот на Торонто Рапторс, Ник Нурс, кој имаше само еден глас помалку од победниците.

Во изборот гласаат секој од 30-те тренери на НБА-екипите.

GOLD
To Top