Новости

Кошарка

Хувентуд прв пат поразен сезонава, Димитријевиќ пак солиден

Кошаркарите на Хувентуд имаа уште едно нималку лесно и далечно гостување. Во шестото коло на шпанската Ендеса лига, беа гости на Тенерифе, каде и беше прекината нивната победничка низа во натпреварите од шампионатот, но и Еврокупот. Тенерифе го совлада Хувентуд со 86-82 и сега е на макси-ефект, пет победи во исто толку мечеви, за прво место во Ендеса лигата. Ненад Димитријевиќ не играше многу на овој натпревар. Барем во три четвртини од играта во кои собра нецели десет минути. А до крајот на мечот на Канарските острови додаде уште толку Или вкупно 20 минути на паркетот во Арената „Сантјаго Мартин“ во Тенерифе. Притоа дојде до ефект од десет поени (1/4 за три, 3/4 за два и 1/1 за еден поен) кои ги дополни и со три асистенции. По шест одиграни кола, „зелено-црните“ од Бадалона се на ефект од четири победи и два порази.

GOLD
To Top