Новости

Кошарка

Црвена Звезда е вториот финалист на АБА лигата

Eкипата на белградска Црвена Звезда се избори за нов настап во финалето на регионалната кошаркарска АБА лига.

Актуелниот шампион во ова натпреварување Црвена Звезда ја доби мајсторката од полуфиналето против Будуќност убедливо со 82:59 и со 2-1 во победи се избори за третото последователно финале (вкупно четврто) во АБА лигата.

Црвено-белите до вечерашната победа над црногорскиот шампион ги предводеа, Американецот, Чарлс Џенкис кој средбата ја заврши со 17 и Марко Симомовиќ кој постигна 14 поени.

Во финалето Црвена Звезда ќе игра против хрватскиот првак Цедевита која во полуфиналната серија со 2-1 беше подобра од Партизан.

Почетокот на финалната серија подобар од пет натпревари, односно прв до три победи, е закажан за 10 април.

GOLD
To Top