Новости

Кошарка

Јокиќ позитивен за ковид-19, му следи двонеделна изолација

Никола Јокиќ е позитивен на корона вирусот, откако неодамна се дружеше со светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ на кошаркарски меч во Белград. Според американските медиуми центарот на Денвер требало да се приклучи на својот тим пред рестартот на НБА лигата, но останал во Србија поради позитивниот тест. Нагетси не го коментираат ова, повикувајќи се на приватноста на медицинските документи. Јокиќ неодамна беше на прошталниот турнир на Дејан Милојевиќ, неговиот поранешен тренер од Мега Бемакс, каде што присуствуваше и Новак Ѓоковиќ.

GOLD
To Top