Новости

Кошарка

Џастин Мартин потпиша за Пелистер

Амбициозниот битолски прволигаш за два дена донесе две засилувања за новата сезона. Прво се договори со поранешниот младински репрезентативец Даниел Нацевски, а денеска и со американскиот крилен играч Џастин Мартин. Има 30 години, висок е 199 сантиметри, може да ги покрие позициите 3 и 4, а своевремено го сметале и за НБА потенцијал, додека играл за Универзитетот Ксавиер. Минатата сезона бил член на грчкиот Паниониос каде просечно постигнувал по 6,2 поени и 3,5 скока по натпревар. Претходно играл во Исланд, Кипар, Русија. Мартин е трето странско засилување за Пелистер во пресрет на новата сезона по Игор Кесар и Џалил Абдул-Басит. Претходно битолскиот тим се засили и со Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ.

GOLD
To Top