Новости

Кошарка

40-годишниот Џинобили доби нов двегодишен договор со Сан Антонио

Аргентинскиот кошаркарски ветеран Ману Џинобили потпиша нов 2-годишен договор со тимот на Сан Антонио Спарс.

Зделката е во вкупна вредност од 5 милиони долари, а 40-годишниот Џинобили ќе стане само осмиот играч во историјата на НБА лигата, кој играл за еден тим во целата кариера и има поминато барем 16 години во него.

Џинобили влезе во елитното друштво на долгогодишните соиграчи во Сан Антонио, Тим Данкан и Тони Паркер, Коби Брајант (ЛА Лејкерс), Дирк Новицки (Далас Маверикс), Џон Стоктон (Јута Џез), Реџи Милер (Индијана Пејсерс) и Џон Хавличек (Бостон Селтикс).

GOLD
To Top