Новости

Кошарка

Поддршка за проектот на К.К. Пелистер Младински Екипи – Европска Кошаркарска Програма

Кошаркарскиот Клуб Пелистер Младински Екипи се обрати до јавноста и бараат поддршка од сите граѓани кои можат да донираат за да се врати сјајот на кошарката како спорт во Битола. Го објавуваме нивниот АПЕЛ интегрално.

„Здраво Битолчани, На Кошаркарскиот Клуб Пелистер Младински Екипи му треба твојата помош, за да изгради една од најдобрите програми за тренирање на младински категории. Твојата помош е потреба за да почнеме да градиме кошаркарски игралишта во основните и средните училишта бидејќи ситуацијата е очајна.

Ти добро знаеш во којa ситуација е кошарката и спортот во Битола особено Младинските Категории. После 28 години осамостојување, наместо да бркаме Европски просек, да учествуваме на Европски натпреварувања, ние сега сме на Македонското кошаркарско дно. Битола во спортот е светлосни години зад Скопје, ама сега пред нас се и Гевгелија и Куманово и Гостивар и Охрид ,… За програми и стратегии за Младинските Екипи во кошарката досега никој не зборуваше, бидејќи Младинските Кошаркарски Екипи на Пелистер се речиси мртви. Имаме демотивирани млади по кафичи, интернет клубови,.. Овие млади секојдневно слушаат од нивните родители дека кошарката во Битола нема иднина. Време е ова да се промени. Она што е најпотребно во моментот е пет минути од твоето време и донирање на симболична сума на пари за да се соберат средства, за да ја изградиме најдобрата кошаркарски програми за млади во Македонија и да започнеме со реновирање на кошаркарските терени во училиштата во Битола. Твојата помош и твоите пари се потребни за котизации, опрема за играчите и плаќање на тренери кои ќе работат со младинските категории:

Нашата цел за оваа година е пријавување на 3 младински екипи кои ќе се натпреваруваат во сезоната 2018/2019 Кошаркарска Младинска Екипа до 16 години – 1 тренер Кошаркарска Младинска Екипа до 18 години – 1 тренер Кошаркарска Младинска Екипа која ќе се натпреварува во Третата Македонска Сенироска Лига – 2 тренер. Доколку успееме да собериме поголема сум од околу 2,400,000.00 денари наша втора цела ќе биде изградба на кошаркарски игралишта во основните и средните училишта. Оваа слика сакаме да биде наше минато.

Пријавување на уште 2 младински екипи во сезоната 2018/2019 Кошаркарска Младинска Екипа до 12 години – 1 тренер Кошаркарска Младинска Екипа до 14 години – 1 тренер

Вие можете да не поддржите преку симболична донација и споделување на објавата со вашите пријатели на социјалните медиуми.

Во име на Кошаркарскиот Клуб Пелистер однапред ви благодариме за издвоеното време и поддршката Со Почит Мартин Јовановски – Координатор на К.К. Пелистер – Младински Екипи

Предизвик е да се обезбедат средства за редовна и континуирана програма по Европски стандард за младите кои сакаат кошарка Предизвик е да се обезбедат средства и да се започни со изградба на училишни кошаркарски игралишта“, пишуваат од КК Пелистер Младински Екипи на својот Фејсбук профил.

Посетете ја страната https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/10162 и поддржете го проектот К.К. Пелистер Младински Екипи – Европска Кошаркарска Програма

GOLD
To Top