Новости

Останати

Ѓоковиќ: Ги седнав моите најблиски луѓе и ги шокирав со одлуката која им ја соопштив

Новак Ѓоковиќ речиси цели две години се обидуваше да се пронајде себеси откако имаше незгодна повреда на лактот, а сега во ситуација кога најлошите денови се далеку зад него, српскиот тенисер без никаков срам се потсетува на најнепријатните моменти во неговата кариера, но и на најцрните мисли кои ги имал во главата.

Ѓоковиќ одлучи да направи операција на лактот откако имаше лошо враќање на Австралија Опен, а уште позагрижувачки делуваа неговите изданија на Индијан Велс и Мајами каде се чинеше дека веќе никогаш нема да го видиме стариот Ноле.

Сепак, балканскиот менталитет го натера Новак да се врати посилен од било кога и во изминативе четири месеци успеа да осови два грен слем турнири и два турнири од Мастерс серијата 1000, па сега пред новиот предизвик кој ќе го има на Мастерсот во Париз, Србинот проговори за радикалната одлука која ја донел во месец март, но која за среќа останала само пропратна мисла во неговата глава.

– Оваа година, во месеците по операцијата на лактот минав низ многу тешки моменти и имав многу лоши мисли. Еден ден во месец март, ги седнав моите луѓе и им кажав дека повеќе не сакам да играм тенис. Останаа шокирани и без текст. Не се срамам да го кажам ова, се сомневав дали можам уште да го правам ова, иако длабоко во себе еден дел знаеше дека ќе се вратам и дека повторно ќе освојам грен слем турнир. Мило ми е што излезе ова второто, – открива Ѓоковиќ.

GOLD
To Top