Новости

Останати

Ѓоковиќ елиминиран, Надал и Федерер лесно до осминафиналето

Колшрајбер направи големо изненадување на Индијан Велс елиминирајќи го рекетот број еден во моментов, Новак Ѓоковиќ, проблеми немаа Рафа Надал и Роџер Федерер.

Германецот Колшрајбер изненади со добрата игра против Ѓоковиќ кој синоќа не беше на своето најдобро ниво. Србинот загуби со 2-0 во сетови, 6-4 и 6-4.
За разлика од Ѓоковиќ, Рафа Надал и Роџер Федерер убедливо дојдоа до осминафиналето во Индијан Велс.
Надал со 6-3 и 6-1 го помина Шаповалов, Федерер со 6-3 и 6-4 славеше против својот сонародник, Стен Вавринка.
GOLD
To Top