Новости

Останати

Ѓоковиќ загуби сет, но продолжува напред во Мајами

Светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ ќе игра во четвртиот круг на турнирот од сериите „Мастерс 1000“ во Мајами, откако се справи со отпорот на Аргентинецот Федерико Делбонис за 2 часа игра.

Србинот го доби дуелот со 7:5, 4:6, 6:1. Првите два сета беанеизвесни, а двајцата разменија три брејка во нив.

Сепак, веднаш штом започна решавачкиот дел, Ѓоковиќ беше бескомпромисен и го затвори сетот со само еден изгубен гем.

Во меч за место во 1/4-финалето на турнирот, тој ќе се соочи со Роберто Баутиста Агут, кој го отстрани Фабио Фоњини во два сета – 6-4, 6-4.

GOLD
To Top