Новости

Останати

Ѓоковиќ му се врати на тенисот со ефектна победа против Тим

Новак Ѓоковиќ, кој во првиот меч по паузата поради повреда триумфираше против Доминик Тим на егзибицискиот турнир во предградието на Мелбурн, вели дека е задоволен од прикажаното.

„Убаво е што се враќам на теренот во Австралија. Поминав низ тежок период. Повредата е најголемиот противник за секој спортист. Поминаа шест месеци од мојот последен меч и благодарам на публиката која ме поддржа“ изјави Ѓоковиќ.

Србинот кој имаше пауза од точно 191 ден се надева дека максимално подготвен ќе се појави на првиот годинашен Грен Слем турнир – Отвореното првенство на Австралија кое ќе стартува на 15 јануари.

GOLD
SN Finansii
To Top