Новости

Останати

Ѓоковиќ откри што правел за време на паузата: Ова беше брутално, морав да се фрлам во када

Новак Ѓоковиќ успеа да се извлече од доста незгодна ситуација и на крајот да слави со 3:1 во првото коло на Ју-Ес опен, меч кој ќе остане одбележан по исклучително тешките услови во кои играа двајцата тенисери.

Ѓоковиќ и Мартон Фучович водеа жестока битка во првите три сета во „пеколот“ во Њујорк, а колку всушност високите температури влијаеле шокантно кон двајцата играчи најдобро се обиде да ни опише Србинот на прес-конференцијата.

– Имаме речиси десет предадени меча во машкиот дел од ждребот на Ју-Ес опен. Ова е брутално, условите се навистина брутални. Но, така е како што е, мора да се помириш со тоа и да се обидеш да се концентрираш. Морав да пронајдам начин да се извадам од неволјата во третиот сет во кој загубив свој сервис. Мислам дека пресвртот го направив при 4:3 кога имав свој сервис. Одиграв добар гејм и Фучович почна да чувствува одредени физички проблеми. Тогаш почувствував дека тоа е мојот момент да се вратам во мечот. Од тогаш, па се до крајот не загубив ниту еден гејм, мора да кажам дека паузата од 10 минути ми одговараше повеќе од било што. Никогаш не сум го искусил ова, мислам дека му дојде добро и на него. Ни требаше одмор после два и полчасовната битка. Добро беше да отидете во соблекувалната, да се пресоблечете, да каснете нешто. Морав да се оладам и да се фрмал во кадата, тоа го направи и Мартон. Тоа е начин да го шокирате телото и брзо да се освежите, – откри Ѓоковиќ кој со доста проблеми ја мина првата пречка на грен-слемот во Њујорк.

 

 

 

 

 

Извор: Дерби

GOLD
To Top