Новости

Останати

Јаник Ноа песимист: Ролан Гарос е мртов

Селекторот на француската машка и женска репрезентација во тенис, Јаник Ноа не е сигурен дека Ролан Гарос воопшто ќе се одржи оваа година. „Во Париз вложуваат напори турнирот да биде одржан. Доколку го откажат ќе доживеат економска катастрофа. Јас мислам дека турнирот е мртов, нема да има услови да се одржи“, вели Ноа.

Според новиот план Ролан Гарос ќе се одржи на 20 септември, една недела по завршувањето на УС опен. Целата сезона во тенисот е под знак прашалник за оваа година.

GOLD
To Top