Новости

Останати

Александар Јовановиќ е првак на Битола во куглање

За прв пат како дел од четвртоноемвриската програма на општина Битола, синоќа се одржа градското првенство во куглање во организација на Кугларскиот клуб „Хераклеа“ од Битола во кугланата во спортската сала „Младост“.

За првак на Битола во куглање беше прогласен Александар Јовановиќ, второпласиран е Пецо Димовски, а на трето место е Цане Колев. На турнирот учествуваа дваесет натпреварувачи, меѓу кои и две жени.

Наградите на првите три пласирани им ги додели градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, која во своето обраќање нагласи дека, чекор по чекор, континуирано ќе работи во насока на реализација на предизборното ветување за изградба на мултинаменски спортски комплекс, кој е од големо значење за сите битолчани, а пред се за вљубениците во спортот.

На доделувањето на наградите покрај градоначалничката, Петровска, присуствуваа и пратеникот Васко Ковачевски, претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, како и советниците Методија Илиевски, Борче Корлевски, Тони Коњановски и Иван Чулаковски.

 

 

GOLD
To Top