Новости

Останати

Битолчанецот Шамоски ја истрча главната трка маратон во Скопје – атлетиката во Битола да се издигне на повисоко ниво

На скопскиот маратон оваа година во главната трка маратон која изнесуваше 42,195км учествуваше и битолчанецот, Маријан Шамоски. Тој досега учествувал на повеќе вакви манифестации во државата, но и во соседството, но како што вели ова е негово прво искуство со целосен маратон. Трката ја заврши со време од 3:43:51 (chip time). Тој се надева дека еден ден Битола ќе биде организатор на еден ваков спортски настан.

-Оваа година во рамките на маратонската трка се одржа и државното првенство во маратон за 2018година, каде зедов учество и јас, рекреативен атлетичар, вработен во Комерцијална Банка Ад Скопје, која воедно ме поддржа во рамките на овој настан. Сакам да нагласам дека ова е мое прво маратонско искуство (42.195 км) кое го завршив за 3:43:51 (chip time). Досега имам учествувано и на Охридскиот Атлетски Маратон 30км (релација Св.Наум – Охрид Центар), како и многу полумаратони 21.097км, и тоа: Скопски маратон 2016, Скопски маратон 2017, Трчаме кон целта Скопје, Шри Чин Мој Скопје, City Park Night 21 Скопје, Стара Загора Бугарија, Сарајево БиХ, Врање Србија и многу други. Исто така сум учесник и на трки од 10км (Skopje Run), како и на трките од 5км организирани од NRC – Run Club. Сакам да потенцирам дека моја голема желба е атлетиката во Битола да се издигне на повисоко ниво и се повеќе млади и возрасни активно да трчаат и да земаат учество на вакви тркачки настани. Би бил многу среќен доколку еден ден Битола биде организатор на еден ваков спортски настан, вели Маријан.

Скопскиот маратон е традиционален спортско рекреативен настан кој се одржува на улиците низ Скопје чија примарна намера е масовно поттикнување на маратонското трчање, како и спортот и рекреацијата во глобала. Вообичаено скопскиот маратон се одржува во првата или втората недела во мај. Се одржуваат неколку трки и тоа:
– на 500м за деца
– 5000м хуманитарна трка
-штафетна трка
– полумаратон 21,097км
– и главната трка маратон 42,195км.

Студирајте на БАС
To Top