Новости

Останати

Боксерскиот клуб Пелистер прв на табелата, на пат до освојување на лигата за оваа сезона

После одржаното 4 коло од првата македонска лига во бокс, БК Пелистер го осигура првото место на табелата. Засега Пелистер има остварено многу добра предност со која е на пат до освојување на лигата за оваа сезона, а преостануваат уште 4 кола кои ќе се одржат кон крајот на летото, велат од БК Пелистер.

И покрај одличните успеси, Боксерскиот клуб Пелистер е со празен буџет, а од клубот апелираат до надлежните и да го поддржат клубот во неговите успеси.

 

Во сениорската конкуренција за БК Пелистер настапуваат: Јове Петровски, Денис Муаремовски, Никола Бубевски  и Александар Најдовски, во младинска конкуренција каде Пелистер го држи четвртото место за Пелистер настапуваат Оран Шакиров, Рамон Казимов, Петар Марковски и во категоријата на деца: Симар Исмаилов. Тренери на БК Пелистер се Александар Димовски кој е активен натпреварувач и Златко Мурџевски.

Димовски е актуелен и успешен натпреварувач, како во земјава така и на меѓународните натпревари.

Со цел да им помогнат на клубот, засега во пресрет им излегоа само спортските обложувалници Евротип заедно со Голд Слот Клуб казината, СН Финансии, СН Осигурителен брокер и ЈК травел кои го спонзорираа тимот, а исто така им доделија и по два пара тренерки за сите 10 боксери со цел достојно да го претставуваат клубот.

Студирајте на БАС
To Top