Новости

Останати

Болт ќе се проба во Борусија Дортмунд

Атлетичарот од Јамајка кариерата ја заврши во август минатата година на Светсктоо првенство во Лондон, а сега планира да започне кариера во фудбалот. Фудбалот е една од големите спортски љубови на Болт, а со Борусија го поврзува истиот спонзор – Пума.

„Повредата е зад мене. Целосно сум подготвен. Во март ќе одам на проба во Дортмунд, потоа ќе видиме што ќе биде со мојата фудбалска кариера. Ако ми кажат дека сум добар и дека треба уште малку да тренирам ќе продолжам. Верувам во себе“, рекол Болт.

Најголема негова желба е да заигра за клубот чии е голем навивач, Манчестер јунајтед.

GOLD
SN Finansii
To Top