Новости

Останати

ВИДЕО: Познато што му дошепна МекГрегор на Нурмагомедов при првата блиска средба

Конор МекГрегор имаш свое препознатливо шоу на прес-конференцијата која ја одржаа одговорните луѓе на УФЦ, а истата секако беше најава за она што ќе се случи на 6 октомври.

Познатиот ирски УФЦ борец ќе се соочи со Хабиб Нурмагомедов на 6 октомври во долго очекуваниот УФЦ спектакл, а покрај тоа што можевме да видиме каква порака имаше МекГрегор за својот ривал, Дана Вајт сега ни долови и што всушност му дошепнал Конор на Русинот кој беше неверојатни мирен и сталожен на пресот.

Првиот човек на УФЦ од прв агол ни долови какво беше соочувањето на двајцата шампиони, а МекГрегор кој претходно му вети дека нема да го допре ривалот, имаше провокативна порака до Русинот.

– Ти си мртов, ти си мртов. Усните веќе ти се сини, – му дошепна МекГрегор на Нурмагомедов.

GOLD
To Top