Новости

Останати

ВИДЕО: Moќна изведба на прилепчанката Пулексенија Јованоска на Eвропското првенство во Шпанија

Пулексенија Јованоска го освои петото место на Европското карате првенство за сениори во кати. Во директната пресметка за бронзениот медал загуби од Александра Ферачи од Франција.

Јованоска за помалку од еден поен загуби од Французинката, а за изведбата доби 25,46 поени (17,78 + 7,68), додека Ферачи освои 26,08 (18,34 + 7,74).

Ова е голем успех за Јованоска, што го повтори на европските шампионати.

Јованоска на шампионатот во Гвадалахара – Шпанија, во првиот круг беше прва во четвртата група, потоа трета во втората фаза и во третата фаза, кога се одлучуваше за борбите за распределба на медалите таа беше трета, a пред неа беа големата фавoритка за златниот медал Сандра Санчез од Шпанија и Дилара Елтемур.

Погледнете го нејзиниот моќен настап за бронзениот медал:

2019 European Championships Female Bronze Kata Puleksenija Jovanoska MKD V Alexandra Feracci FRA

2019 European Championships Female Bronze Kata Puleksenija Jovanoska MKD V Alexandra Feracci FRA

Gepostet von Sport Karate Videos am Mittwoch, 10. April 2019

GOLD
To Top