Новости

Останати

(Видео) Тенисер почна да плаче по поразот – но потоа неговиот син истрча на теренот

Ролан Гарос често носи многу емоции кај тенисерите. Досега сме виделе најразлични сцени за време на турнирот, но една од најемотивните сцени ја предизвика испаѓањето на франзускиот тенисер Никола Мау.

Откако изгуби од Аргентинецот Леонард Мајер, Мау потполно емотивно се скрши. Почна неутешно да плаче на клупата и да ги брише солзите, а тоа од трибините го виде неговиот син, кој не сакаше да го гледа својот татко во такво издание.

Неговиот син истрча на теренот, се залета кон својот татко и почна силно да го гушка и да го бакнува. Тоа беше момент кога се застана. Сите гледаа само во нив. Целиот стадион аплаудираше и со овации ја поздрави оваа емотивна сцена. Аплаудираше и ривалот на Мау, Леонардо Мајер, кој исто така беше на работ да заплаче.

Откако Мау успеа да се смири, заедно со синот го напуштија теренот со силен аплауз од публиката.

GOLD
To Top