Новости

Останати

Викендов се одржа „Пелистерскиот велеслалом“ во ски центарот „Копанки“

Ски центарот „Копанки“ и хотел „Молика“ во саботата (02.03.2019 година) беа домаќини на два истовремени настани:
„Пелистерскиот велеслалом“ – традиционален алпски куп за деца од 6 до 16 години, во организација на Агенцијата за млади и спорт со техничка поддршка на Ски клубот „Пелистер“ и на Хуманитарниот ски – настан со мото: „Излези од маглата и дојди на О2 “во организација на Ротаракт Клуб Скопје-Центар.

Хуманитарниот Ски Куп „Излези од маглата и дојди на О2 ” беше од отворен тип за сите граѓани кои што сакаа да се натпреваруваат.

Собраните средства од овој настан се наменети за ски клубот ,,Пелистер“ за набавка на соодветна опрема за тренирање на младите скијачи.
Двата настани ги проследија голем број посетители.

Фото: Ски центар „Копанки“

GOLD
To Top