Новости

Останати

Возниацки го освои Австралија Опен

Каролин Возниацки, конечно, стана гренд слем шампионка и го освои првото место на ВТА листата, откако во финалето на Австралија опен во Мелбурн во драматичен меч полн со пресврти со 7-6(2), 3-6, 6-4 ја победи првата носителка, Романката Симона Халеп, за која ова е трет пораз во третото гренд слем финале.

Во епскиот меч од 2 часа и 50 минути, конечно видовме едно израмнето гренд слем финале во женска конкуренција, а двете тенисерки мораа да добијат медицинска помош поради австралиската жештина во Мелбурн.

Халеп загуби брејк во првиот гем од третиот сет за да губи со 0-2, исто како во првиот сет, но Романката се врати за да направи брејк во маратонскиот трет гем од мечот во дури шестата брејк-шанса.

Евротип
Евротип
To Top