Новости

Останати

Во судир загина возачот на Ф2, Хуберт

Страшен судир меѓу два болида на Големата награда на Белгија во Формула 2 вчера предизвика голема трагедија, при што загина францускиот возач Антоан Хуберт.

На патеката Спа-Франкошамп во Белгија загина 22-годишниот возач на Ф2 Антоан Хубер после судирот со Американецот Хуан Мануел Кореа, додека возеше со брзина од 273 километри на час.

Болидите се растуриле од силниот удар, а младиот француски возач почина во болница, а здравствената состојба на Кореа е стабилна, иако му се скршени двете нозе.

Трката веднаш по несреќата беше прекината кога беше јасно дека се работи за трагичен судир, а постои можност да се одложи и денешната трка во Формула 1, поради смртта на Французинот кој возеше за БВТ Арден, а во генералниот пласман го држеше осмото место.

GOLD
To Top