Новости

Останати

Врвен тенис нема да гледаме сигурно до 13-ти јули.

За сите љубителни на тенисот пристигнуваат разочарувачки вести. Имено поради пандемијата коронавирус челните лица на АТП и ВТА донесоја одлука да тенисот биде замрзнат до 13-ти јули. Оваа одлука доаѓа откако беше откажан Вимблдон, како и сите турнири на трева. Во соопштението на АТП и ВТА се вели:
„Здравјето и безбедноста на нашите играчи и на секој што е вклучен во нашите настани секогаш ќе биде на прво место. Разочарани сме што го објавивме ова одложување. Ние ќе продолжиме да им помагаме на организаторите“.

Суспензијата се однесува на сите нивоа на тенис, како и на ИТФ фјучрс турнирите.

GOLD
To Top