Новости

Останати

Две златни и еден сребрен медал за битолчанецот Петровски на Националното атлетско првенство

Викендов во Охрид, во спортскиот центар „Билјанини извори“ се одржа Националното поединечно атлетско првенство за сениори/ки за 2018 година.
На првенството голем успех постигна битолскиот натпреварувач, Спасе Петровски, фрлач на ѓуле од Атлетскиот клуб „Пелистер“ Битола.
Спасе освои два златни и еден сребрен медал, а со овие резултати ќе патува на Балканското првенство во Стара Загора.

Натпреварот во Охрид беше со критериумски карактер за престојното Балканско првенство за сениори кое ќе се одржи на 21-ви и 22-ри јули во Стара Загора, Бугарија.

Инаку Спасе е рекордер на гимназијадите во фрлање ѓуле и освои златен медал за Битола после 35 години.

Организатор на првенството е Атлетската федерација на Македонија, а технички организатор беше атлетскиот клуб „Охрид“.

Учесниците се натпреваруваа во неколку тркачки и фрлачки дисциплини.

Evrotip
Евротип
To Top