Новости

Останати

Ден за паметење: Соборени три светски рекорди на СП во пливање во Гвангжу

На Светското првенство во пливање во Гвангжу (Кореја) денеска беа соборени три светски рекорди, и тоа од пливач и пливачка од САД и пливач од Русија.

Американецот Кејлеб Дрезел исплива најдобро време на сите времиња уште во полуфиналето на 100 метри пеперутка, откако делницата ја мина со време од 49,50 секунди. Тој за 32 стотинки го подобри претходното најдобро време на Мајкл Фелпс поставено пред десет години во Рим.

Во полуфиналните трки денеска имаше соборување ни а уште едно најдобро време. Американката Реган Смит постави светски рекорд на 200 метри грбно со време од 2:03,34 минути. Младата американка за 71 стотинка го подобри времето на Миси Френклин.

Антон Чупков, пак, го подобри светскиот рекорд во финалната трка на 200 метри градно. Русинот до златниот медал стигна со време од 2:06,12 минути и ја одбрани титулата освоена пред две години во Будимпешта. Тој го подобри рекордот што вчера го постави Австралиецот Метју Вилсон, додека пред овој пливачки Мундијал најдоброто време го имаше Јапонецот Ипеи Ватанабе поставено во 2017 година. Токму овие двајца пливачи му се приклучија на Русинот на подиумот. Вилсон го освои сребрениот медал, додека бронзата му припадна на Ватанабе.

GOLD
To Top