Новости

Останати

Заврши и 3-тата рунда од Австралија Опен 2020

Конечно се заокружи третата рунда од АП 2020 и тоа на спектакуларен начин. Ник Кирјос го зазеде последното место во најдобрите 16 на турнирот во машка конкуренција после победата над Карен Качанов во изедначен и неизвесен натпревар во кој имаше 4 сета каде се решаваше на тај-брејк. Натпреварот траеше дури 4 часа и 26 минути, а исцрпениот Кирјос славеше пред домашната публика со 10-8 на поени во тај-брејк, па го обезбеди дуелот кој цела спортска јавност и критичарите со нетрпение го очекуваат. Кирјос во 4-тата рунда налета на Надал против кој неодамна имаше контроверзни потези годејќи го со тениското топче во глава, а ни изјавите против него не му беа баш најпристојни. Останатите дуели од машката конкуренција поминаа без некои изненадувања, па со оглед на тоа ќе следиме квалитетни натпревари, и тоа:

▶ Nadal v Kyrgios
▶ Monfils v Thiem
▶ Medvedev v Wawrinka
▶ Rublev v Zverev

▶ Sandgren v Fognini
▶ Fucsovics v Federer
▶ Raonic v Cilic
▶ Schwartzman v Djokovic

Во женска конкуренција за издвојување е тоа што младата сензација 15 годишната Кори Гауф ја исфрли минатогодишната освојувачка и број 4 тенисерка на ВТА Наоми Осака, а еве ги и дуелите од најдобрите 16:

▶ Barty v Riske
▶ Sakkari v Kvitova
▶ Gauff v Kenin
▶ Jabeur v Wang Q.

▶ Kontaveit v Swiatek
▶ Mertens v Halep
▶ Muguruza v Bertens
▶Kerber v Pavlyuchenkova

GOLD
To Top