Новости

Останати

Започна проектот „Кугламе и сме среќни“

Во кугланата во Битола вчера започна амбициозниот проектот на кугларите на Пелистер, „Кугламе и сме среќни“. На првиот ден со кугларските вештини се запознаа 36 ученици од две основни училишта од Битола, а тајните на оваа игра им ги откриваа најдобрите битолски куглари Игор Михајловски и Цане Поповски.

Овој проект ќе трае до крајот на годинава и сите ученици од Општините Битола, Могила и Новаци ќе добијат шанса да куглаат бесплатно.

Тренерската работа ќе биде раководена од страна на тренерите Игпр Михајловски, Цане Поповски, Пеце Димовски, Димитар Димитровски, Бојан Влаќевски, Адриана Ангеловски, Александар Соколовски (Македонија), како и од Јован Керецки и Рожа Писар (Србија).

tera.mk

GOLD
To Top