Новости

Останати

КБК Енерџи од Битола со осум медали на Државното првенство во кик бокс

На второто по ред Државно првенство во кик бокас кое се одржа во Скопје на 10 април, КБК Енерџи од Битола се врати со огромен успех. Се натпреваруваа 8 натпреварувачи од овој клуб кои освоија 4 златни, 2 бронзени и две сребрени медали. Никола Бубевски, кој се закити со златен медал на ова првенство вели дека ова беше многу важен натпревар за него, но и за целиот тим.

„Пред се ја покажавме тимската работа и тимската поддршка еден кон друг, покажавме дека сме навистина како семејство. За мене ова првенство беше од исклучителна важност на мотивационен план, поминав долги и тешки подготовки под водство на нашиот тренер и можам слободно да кажам дека тој е човекот најзаслужен за секој мој резултат, мојот тренер Александар Димовски Димса. Имаме среќа што имаме тим како КБК Енерџи од Битола и тренер кој ги обезбедува сите услови за врвни подготовки. Она што мене ми преостанува е да ги следам инструкциите на мојот тренер и резултатите се неизбежни“, вели Никола.

За КБК Енерџи на државното првенство настапија и Михаил Ситковски, Ана Марија Наумовска, Ана Несторовска, Јован Апостоловски, Марија Димовска и Арта Селмани.

GOLD
To Top