Новости

Останати

Како Конор МекГрегор ги заработува и троши милионите?

Ирскиот борец Конор МекГрегор подготвено ќе го дочека досега непобедениот Дагестанец Хабиб Нурмагомедов во борбата за титула во UFC првенството во лесна категорија. Познат е по дрското однесување и настап пред борба во кој се обидува да ги заплаши противниците. Досега тоа му успеваше.

Доказ за тоа се неговите заработени милиони. Неговите боречки вештини, особено во борбата со Флојд Мејведер во 2017 година, му донесоа многу милиони, пишува Business Insider. Само за една година тој заработи 99 милиони долари. Најголем дел од износот, 85 милиони, го доби благодарение на борбата со Мејведер.

Неговата животна приказна е слична на филмска, од сиромашен станува успешен и богат човек. Претходно во Даблин работел како водоинсталатер. Како живее денеска може да се види од секојдневните фоторафии што ги објавува на Instagram.

Има 30 години и се наоѓа на 12 место на листата на Forbes за најплатени славни личности во 2018 година, односно  на четвро место најплатени спортисти во светот.

Од спонзорски договори во 2017 година заработи 14 милиони долари, рекламирајќи различни брендови и компании. Заработува и од апликации и различни тренинг програми. Неодамна го објави видеото за неговото ново ирско виски кое се продава по цена од 29,99 долари. Вискито ќе го промовира и во своите шест борби во UFC,  а компанијата ќе биде спонзор на секој настан во кој тој ќе се натпреварува.

Воопшто не се срами да се пофали со своето богатство, особено  е горд на својата јахта The 188., симболично наречена по сумата на социјална помош што ја примал претходно. Тој е голем обожавател на Lamborghini, доказ за тоа се многуте фотограии на социјалните мрежи. Има Lamborghini од 199.805 долари, но и  Mercedes-Benz E Class E550 и BMW i8, чија почетна цена се движи од 142.000 долари.

Љубител е на злато, сака скапи часовници, запалки, сè на него е скапо и луксузно. И неговото синче живее во ист стил. Конор постојано објавува семејни фотографии, а сега го чека и второто дете со девојката Ди Девлин.

 

GOLD
To Top