Новости

Останати

Клиперси и без главните ѕвезди го совладаа Сан Антонио

ЛА Клиперс славеше против Сан Антонио во НБА дербито одиграно изминатата ноќ. Покрај Клиперси победи забележаа Голден Стејт, Бостон, Њујорк и Мајами.

Тимската игра и добриот учинок на кошаркарите од клупата беа клучни за триумофт на Клиперси во дербито против Сан Антонио. Домаќинот решавачката предност ја стекна во воведните минути од последната четвртина.

Крис Пол го предводеше тимот со 19 поени, седум скокови и шест асистенции,а од стартерите по 11 поени постигнаа Џеј Џеј Редик и Деандре Џордан. Занчајна улога во победата на Клиперси имаа резервистите Морис Спејтс (14 поени, 7 скока, 5 асистенции), односно Рејмонд Фелтон (13 поени).

 

На другите натпревари Индијана загуби од Бостон 102:109, Ајзеа Томас постигна 28 поени, Њујорк славеше против Орландо 106:95, а Мајами беше подобар од Лејекрси 115:107.

Евротип
Евротип
To Top