Новости

Останати

Колку заработи Ѓоковиќ од освојувањето на Вимблдон?

Српскот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера го освои својот петти трофеј на Вимблдон.

Првиот рект во светот во феноменален меч кој траеше скоро пет часа го победи Роџер Федерер со 3:2 во сетови, а освен трофејот Ѓоковиќ освои и голема сума на пари.

Наградниот фонд на Вимблдон е се поголем, а победникот оваа година однесе 2.983.748 американски долари.

Федерер кој на овој меч изгуби две меч топка, остана пократок за еден ипол милиони бидејќи не успеа да искористи ни една.

Сепак, јасно е дека тоа нема да го боли Роџер колку изгубениот трофеј со оглед на тоа дека во кариерата освои повеќе од 124 милиони американски долари.

Од друга страна Ѓоковиќ е рекордер помеѓу тенисерите кога во прашање е заработката од турнирите бидејќи во кариерата освои повеќе од 130 милиони долари.

За Ѓоковиќ ова беше 16-ти Грен Слем, додека Федерер остана на бројката од 20.

GOLD
To Top