Новости

Останати

Кристофер Клири: Сезоната за Ѓоковиќ е завршена

Познатиот новинар на Њујорк Тајмс, Кристофер Клири, тврди дека повредата на рамото на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не изгледа добро и тој најверојатно ќе мора да оди на операција, повреда поради која Србинот го предаде мечот од четврфиналето против Станислас Вавринка.

„Имам информации дека рамото на Ѓоковиќ е доста проблематично и може да бара повеќе од само малку одмор“, вели Клири во својот текстот, алудирајќи на фактот дека најдобриот тенисер на светот би можел да замине на хируршка интервенција.

Официјалниот распоред на Новак вели дека следниот турнир за него е оној во Токио од серијата 500, а потоа и Местерсите во Шангај,Париз и завршниот турнир во Лондон. Доколку Ноле не е во можност да игра до крајот на сезоната, многу веројатно дека Надал ќе го замени на лидерската позиција на АТП листата.

Извор: dribling.mk

GOLD
To Top