Новости

Останати

МекГрегор побарал реванш, Хабиб инсистира на историска премија за нов меч со Ирецот

Првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт потврди дека добил пвоик од Конор Мегрегор и Ирецот бара реванш со Хабиб Нурмагомедов но најпрво мора да се види каква ќе биде санкцијата за Русинот.

Иако едвај поминаа 48 часа од пресметката помеѓу Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов во Лас Вегас, веќе се зборува за реванш.

Ирецот веднаш по поразот на Твитер напиша дека со нетрпение чека нова пресметка со Русинот, а сега ова го потврди и првиот човек на УФЦ.

„Конор веќе ми се јави, сака реванш. Конор побара да организирам нов меч. Но најпрво ќе треба да почекаме да видиме што ќе се случи со Хабиб. Нурмагомедов треба да се појави пред Спортската комисија на Неавада, па ќе треба да почекаме и да видиме каков ќе биде исходот на целата оваа мешаница“ – вели Дејна Вајт за ЕСПН.

„Исто така, Тони Фергусон изгледа одлично. Тони и Хабиб во три наврати требаше да се борат, но никогаш не влегоа во кафезот. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите“.

Во меѓувреме, поранешниот борец Лук Рокхолд, кој е добар пријател со Хабиб Нурмагомедов, вели дека Русинот ќе бара историска премија за одново да се бори со Конор Мекгрегор.

„Доколку сакаат реванш, на Хабиб веројатно ќе треба да му го дадат „најдебелиот“ чек во историјата на ММА“ – вели Рокхолд. „Разговарав со Хабиб и доколку тие сакаат нов меч, Хабиб ќе бара рекордна сума“.

GOLD
GoldSlot
To Top