Новости

Останати

Мекгрегор се пишмани девет дена по објавувањето крај на кариерата

Поранешниот УФЦ шампион Конор Мекгрегор, го најави своето враќање во спортот, само девет дена откако го објави своето пензионирање.

– Сакам да продолжам понатаму, заедно со љубителите на различни религии и националности. Сите религии не учат да сме посветени. Имаме еден свет и тој е за сите. Се гледаме во октагонот, напиша Мекгрегор на Твитер.

Ирскиот професионален УФЦ борец има 25 борби во ММА на кои забележал 21 победа. Неговата последна борба беше на 6 октомври 2018 година против рускиот борец  Хабиб Нурмагомедов.

Мекгрегор го изгуби тој дуел и остана без титулата во „UFC“ лесна категорија.

GOLD
To Top