Новости

Останати

Младинската екипа на Пелистер Волеј го освои третото место на Ф4 турнирот

Натпревар за трето место
Пелистер Волеј – Работнички Скопје

2:0 (27:25; 25:22)

Дуел кој изобилуваше со убавина и со голема неизвесност.

Борбени беа двете екипи, Пелистер имаше водство од 16:10, додека Работнички прв стигна до сет топка, но Пелистер Волеј покажа далеку поголема стабилност во завршницата и поведе со 1:0 во драма каква можи да понуди само одбојката.

Во овој дуел не изостана добриот прием и затоа организацијата и реализацијата беше на високо ниво на двете страни.

Сепак на крај се радуваше Пелистер Волеј на сосема заслужена победа.

Ова е четврта година во низа во која Пелистер Волеј е учесник на Ф4 турнирите и четврта во која носи пехар во своите витрини.

Претходно во полуфиналето загубија од екипата на Наковски Волеј.

Освоија 35 директни поени, 24 од напад, 6 АС сервиси и 5 поени од блок.

Поените за Пелистер ги освоија:

Симона Стојановска 16
Сара Димовска 6
Софија Петличковска 5
Изабела Димовска 3
Ана Пејовска 3
Ивона Димитриевска 1
Теона Богдановска 1

GOLD
To Top