Новости

Останати

Младинската екипа на Пелистер Волеј дел од Ф4 турнирот

Пелистер Волеј во недела е учесник на првиот овогодишен Ф4 турнир, овој пат со младинската екипа.

Турнирот се игра во Скопје во салата Невена Г. Дуња, а организатор е екипата на Работнички Скопје.

Наш противник е екипата на Наковски Волеј.
Ова е практично реприза на минатогодишното финале.

Полуфинални двојки се:

(11:00) Работнички Скопје – Јанта Волеј

(12:00) Наковски Волеј – Пелистер Волеј

Ова е четврт последователен Ф4 турнир за оваа генерација на одбојкарки и вкупно петти за Пелистер Волеј.

На претходните три турнири оваа генерација се закити со две ви-це шампионски титули и еден бронзен медал, а помалата генерација со бронзен медал минатата година.

Успех е кога на сите досегашни Ф4 турнири Пелистер Волеј се враќал со медал, па посакуваме и оваа година успехот да продолжи.

Сите екипи се силни и рамноправни, заслужено се најдоа на овој завршен турнир и ова несомнено треба да биди празник на одбојката.

Фаворити можеби има, дефинитивно сите ја сонуваат титулата шампион во младинската лига, но само еден ќе ја освои.

Ќе дознаеме на 12.05 во Недела.

GOLD
To Top