Новости

Останати

Мотото за престојната Олимпијада 2020 ќе гласи „Обединети со емоции“!

Официјалниот комитет на Летните олимписки и Параолимписки игри во Токио го откри главното мотото на играта под името „Обединети со емоции”. Токио 2020-та ќе ги собере сите луѓе со различно потекло за да обезбеди можност да доживеат најразлични емоции и страсти. Мотото засега е прикажано само на англиски јазик. Спортистите кои ќе бидат дел од Олимпијадата како и многубројните гледачи пред малите екрани ќе ја видат и ќе ја разберат пораката за обединување.

На нешто повеќе од шест месеци до почетокот на Летните Олимписки игри нашата држава сеуште нема сигурна бројка на натпреварувачи. Сигурен е само борачот Магомедгаџи Нуро кој веќе има обезбено олимписка норма. За другите ученсици непосредно пред почетокот на Олимписките игри, ќе се знае кој ќе добие покана.
Избрани се и маскотите за Токио 2020. Тие сеуште немаат имиња (ќе ги добијат до јули или август годинава) но се знае дека двете избрани маскоти имаат различни карактери, но се почитуваат меѓусебе и се добри пријатели.

GOLD
To Top