Новости

Останати

Надал: Имав две незаборавни недели, оваа титула е за вујко ми

Рафаел Надал ја освои својата 16-та Гренд слем титула и трета на УС Опен по победата над Кевин Андерсон со 3-0 против тенисерот од Јужна Африка. Лидерот во светскиот тенис беше многу задоволен од успехот и рече дека најважно за него е да ја задржи својата концентрација на крајот на третиот сет со цел да се спречи брејк.

„Тоа беа две многу специјални недели за мене. Неверојатно е дека ја почнав годината со титула во Австралија, а сега победив и тука. Работев многу по повредите и сум среќен што повторно играм тенис на највисоко ниво. Мојот вујко Тони е еден од најважните луѓе во мојот живот, и многу научив од него. Тој ме направи посилен и ме натера да не сопирам да верувам во себе“, додаде Рафа по мечот.

GOLD
To Top