Новости

Останати

Надал го совлада Андерсон и го освои својот трет УС Опен

Рафаел Надал го освои УС Опен по трет пат. Светскиот рекет број 1 го победи Кевин Андерсон со 6-3, 6-3, 6-4 за 2 часа и 27 минути игра. Рафа играше на многу високо ниво во текот на целиот меч и не остави сомнеж во неговата супериорност.

203 см високиот тенисер од Јужна Африка се обиде да се спротивстави, но немаше шанса. Андерсон, кој е на 32. место во светот, може да се гордее со неговата игра во изминативе две недели, откако за првпат се појави во финалето на Гранд слем турнир.

 

Овие успеси беа основа за Рафа да се врати на врвот на светската ранг-листа подоцна.

GOLD
To Top