Новости

Останати

Надал се повлече од Мастерс Купот во Лондон

Рафаел Надал се откажа од Мастерс турнирот во Лондон. Светскиот рекет број еден изгубиод Давид Гофен по драматичниот натпревар во три сета. По него, Шпанецот објави дека ќе се повлече од учествуво во турнирот во Лондон поради проблеми со коленото.

„Не сум подготвен да играм. Денес се борев, знаејќи дека ова е мојот последен натпревар сезонава. Се разбрав со огранизаторите да се обидам. Премногу пати во мојата кариера сум го пропуштал овој турнир“, изјави Надал.

Рафа изјави дека неговата повреда не е нова и е проблем, со кој требало претходно да се позанимава. Тој додаде дека нема ризик дека неговото учество во Лондон ќе ја искомплицира повредата.

Евротип
SNBROKER
To Top